Трише: побрзо да се испрати помош за Грција

Претседателот на Европската централна банка Жан Клод Трише денеска испрати апел до членките на еврозоната што е можно побргу да испратат пакет помош за Грција со цел да се сопре ширењето на кризата. Кон почетокот на неделава, грчкиот долг беше обележан како „џанк“ со висок ризик. Германија, земја која треба да одвои најмногу пари за помош на Грција, инсистира грчките власти најпрвин да воведат кредибилен план за намалување на задолженоста.