Австралија ќе забрани брендирање на цигари ?

Австралија веројатно ќе биде првата држава во светот која ќе го забрани брендирањето на цигарите. Согласно новиот предлог закон, од 2012 година цигарите во земјата би можеле да се продаваат во кутии на кои ќе биде испечатено само предупредувањето за штетноста на пушењето. Брендот на цигарите, согласно предлог законот, би бил испишан со ситни букви. Австралија ќе го има најстрогиот режим за пакување на цигари во целиот свет, изјави премиерот Кевин Руд. Во изминативе 24 часа австралиската влада го покачи данокот на тутун за 25 проценти.