Средба Саркози - Џинтао

Францускиот претседател Николас Саркози изјави дека имал „детални разговори“ со неговиот кинески колега Ху Џинтао за иранската нуклеарна програма. Саркози, кој е во тридневна посета на Кина, не обелодени дополнителни детали за разговорот. Франција и Соединетите америкнски држави бараат подршка од Кина за нови санкции против исламската република поради нуклеарната програма на официјален Техеран. Иран, од друга страна, за Кина е клучен парнер во трговијата со нафта.