Косовската полиција ја превзема контролата и врзграницата со Албанија

Меѓународните воени сили денеска на косовската полиција ќе и ја предадат контролата врз границата со Албанија, во рамки на продолжување на процесот за пренос на надлежностите на косовските институции.
Преносот на овластувањата е веќе извршен на границата со Македонија, а командатот на КФОР Маркус Бентлер најави дека преносот на надлежности ќе продолжи и во други погранични подрачја, но оти не постојат рокови и дека случајот на секоја земја ќе биде посебно разгледан.