Клинтон ги повика ирачките политичари брзо да формираат влада

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги повика учесниците на парламентарните избори во Ирак да ги остават настрана разликите и брзо да формираат влада. Таа ги повика ирачките политичари да го почитуваат гласањето од 7 март, во интерес на силна, независна и демократска земја. Оваа изјава на Клинтон доаѓа еден ден откако двајца кандидати што победија на изборите беа дисквалификувани, со што дополнително се искомплицираа напорите за формирање нова владејачка коалиција.