Со 4 лоши навики, 12 години постари

Истовремената склоност кон четири лоши навики: пушењето, конзумирањето алкохол, недостигот на физичка активност и лошата исхрана, можат човекот да го направат постар за 12 години. Ова, како што јавуваат агенциите, е резултатот од 20 годишното истражување во кое биле вклучени 5 илјади британци. Во врска со лошите навики се подразбирало, интензивно пушење, повеќе од три чашки алкохол дневно, помалку од два часа вежбање неделно и јадење овошје и зеленчук помалку од три пати дневно.