НБРМ проверува дали во мај може да се релаксира монетарната политика

Народната банка на Република Македонија привршува со проверката на досегашните проекции и во мај ќе објави дали ќе оди со натамошна релаксација на монетарната политика. Деновиве ги привршуваме проверките на досегашните проекции или вршиме препроектирање и тие резултати ќе бидат завршени наскоро и ќе може да соопштиме дали трендот на релаксација на монетарната политика ќе продолжи, изјави гувернерот на НБРМ Петар Гошев За нивото на девизните резерви, гувернерот посочи дека тие изнесуваат 1,630 милијарди евра и оти во овој период се стабилни.