Медведев во Норвешка за демаркација на меѓусебната граница

Рускиот претседател Дмитриј Медведев пристигна во официјална посета на Норвешка при што се очекуваат разговори за долгогодишните несогласувања околу меѓусебната поморска граница. Од 1970-та година Норвешка и Советскиот Сојуз, а подоцна Русија, се спорат за околу 176 илјади километри квадратни во Баренцово Море, каде што се смета дека има големи ресурси на нафта и гас. Пред пристигнувањето во Осло, Медведев изјави дека е можно двете земји да постигнат договор за демаркација на границата.