Земјотрес во Тајван

Земјотрес од 6,9 степени го погоди југоисточниот брег на Тајван. Епицентарот на земјотресот е околу 300 километри од јужниот тајвански град Тајтунг. Нема предупредување за опасност од Цунами. Зградите во главниот град Тајпеј се нишале, но нема информации за жртви или материјална штета.