Русија не платила за воените бази во Белорусија ?

Претседателот на Белорусија Алјаксандр Лукашенка денеска ја критикуваше руската влада затоа што не ги подмирила трошоците за своите воени бази на белоруска територија. Навраќајки се на договорот кој руските власти го склучија со Украина, согласно кој украинците ќе добиваат поефтин гас во замена за продолжен престој на руската флота на Црното море, Лукашенка рече дека Русија плаќа „нула рубљи и нула долари“ за двете бази во Белорусија. Претседателот исто така се закани дека нема да присуствува на безбедносниот самит во Москва, закажан за 8 мај, ако во програмата за настанот не се предвиди дискусија за политичките немири во Киргистан.