Два сибирски тигри испорачани во Иран

Русија испорача два сибирски тигри во Иран во замена за два персиски леопарди. Иранската новинска агенција „Ирна“ јави дека властите во исламската република се надеваат дека сибирските тигри ќе се прилагодат во иранската природа. Овој тип животно во Иран е истребено пред педесетина години. Женката тигар е бремена и за два месеци ќе се породи, изјави шефот на иранското Министерство за екологија.