Иран може да најде замена за нафтените гиганти ?

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека може да ги замени сите западни нафтени компании кои би ја напуштиле земјата, бидејки во Иран има луѓе со доволно искуство за работење на терен со изворите на суровината. „Можеме да превземеме големи проекти и да ги замениме Тотал и Шел“ изјавил првиот човек на политичкото биро на гардата за новинската агенција „Илна“. Инаку, западните фирми во последно време се под притисок од нивните влади да ги намалат активностите во исламската република.