Зимбабве и Иран сметаат дека Западот не е фер кон нив

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат го обинија Западот за нефер однос кон нивните земји. Мугабе изјави дека Зимбабве и и Иран се цел на неоправдани и илегални санкции. Ахмадинеџат, кој е во дводневна посета на Зимбабве, оцени дека лидерскиот стил на Мугабе бил лекција за сите нации.