Американците затворени во Иран во критична состојба

Двајца од тројцата Американци кои се во затвор во Иран речиси 9 месеци, се во критична здравствена состојба. Швајцарски дипломати ги посетија во затворот Евин во Техеран а нивните родители за агенцијата Асошиејтед прес ги демантираа обвинувањата дека станува збор за американски шпиони.