Косово и Србија да постигнат решение низ медијаторство на ОН

Косово и Србија треба да постигнат решение за разликите околу сувереноста низ медијаторство на Обединетите Нации, се вели во најновиот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, јави ДПА. Бан Ки Мун изразувајки загриженост поради можниот пораст на тензиите на север во Косово смета дека е неопходна континуирана и глобална поддршка за активностите на мисијата на ОН. Стратегиска цел на УНМИК, според првиот човек на Светската Организација, останува унапредување на безбедноста, стабилноста и почитување на човековите права со ангажирање на сите заедници на Косово, како и на Приштина и Белград и меѓународните и регионални актери.