Моратинос денеска во Црна Гора

Шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос денеска ќе ја посети Црна Гора, каде што ќе разговара со неговиот црногорски колега Милан Рочен, а ќе биде примен и од претседателот Филип Вујановиќ и од премиерот Мило Ѓукановиќ. Вчера Моратинос престојуваше и во Македонија, по што замина за Белград, каде што се сретна со шефовите на дипломатиите на Србија и на Турција Вук Јеремиќ и Ахмет Давутоглу. Тројцата министри се заложиле за целосна интеграција на Балканот во Европската Унија и за отстранување на пречките на тој пат.