Турција нуди посредување меѓу Иран и Западот

Турција изрази готовност да посредува меѓу Иран и Западот во врска со кризата со нуклеарната програма на Техеран. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, кој е во посета на Техеран, изјави дека Турција може да помогне во наоѓањето дипломатско решение. Шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки, на заедничката прес конференција, не ја коментираше понудата од Давутоглу.