Дваесетмина загинати во Пешавар

Дваесетмина загинаа во експлозија на бомба во градот Пешавар, во северозападниот дел на Пакистан јавија дописниците на Радио Слободна Европа од земјата. Експлозивната направа, според првични информации, детонирала во близина на полициска станица. Претходно, едно дете загина а десетмина беа повредени во експлозија на бомба во училиште во Пешавар.