Самит за природен гас во Алжир

Министри за енергетика од најголемите земји произведувачи на природен гас денеска се собраа на самит во Алжир. Тема на разговор се цените на суровината кои во изминатиов период паѓаат при извоз. Дел од учесниците на самитот инсистираат на формирање на организација која ќе го надгледува извозниот процес, поставувајки одредени стандарди во однос на цените. На собирот се присутни претставници од вкупно 11 земји извозници на природен гас.