Ероглу победи во првиот круг претседателски избори на Северен Кипар

Севернокипарскиот конзервативен премиер Дервиш Ероглу е победник во првиот круг на претседателските избори во турскиот дел на Кипар, пренесуваат турските медиуми. Според податоците по изброените 95 проценти од гласачките ливчиња, Ероглу освоил 50 проценти од гласовите, а неговиот противник од социјадемократската партија, Мехмет Али Таљат 42 насто. Владата на Грчкиот дел на Кипар водството на Ероглу го оцени како негативен развој на настаните во турскиот дел на Кипар.