Времето денеска ќе биде облачно и дождливо

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи, а можна е и изолирана појава на невреме. Тепмературите ќе се движат од осум до 18 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени.