Муратовски судски ќе ја оспори постапката за негова смена

Досегашниот лидер на Сојузот на синдикатите на Македонија Ванчо Муратовски денеска на прес-конференција најави дека по судски пат ќе ја оспори постапката за негова смена и назначувањето на Живко Митревски за в.д претседател. „Јас сум легитимниот претседател на ССМ избран од работниците, а не од власта“ рече Муратовски и најави кривични пријави поради, како што рече, нелегитимноста на целата постапка. Тој на следниот редовен конгрес на ССМ не планира да се кандидира за претседател на организацијата.