Јанукович со авион отпатува за Краков

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска со авион отпатува за Краков, на погребот на покојниот претседател Лех Качински. Аеродромот во Киев од вчера е затворен за летови поради облакот вулканска прав која го зафати европскиот континент по ерупцијата во Исланд. Претседателскиот авион е единственото летало кое денеска полета од аеродромот. Многумина светски лидери денеска одлучија да не патуваат за Краков поради отежнатите услови за летање.