Бакиев отстапил од функцијата претседател на Киргистан

Претставник на киргистанската привремена влада за Радио Слободна Европа потврди дека претседателот на земјата Курманбек Бакиев отстапил од фукнцијата денеска. Бакиев го напушти Киргистан. Портпарол на казакстанското министерство за надворешни работи потврди дека сега поранешниот киргистански претседател пристигнал во Тараз, во јужниот дел на земјата. Претходно, од меѓународната ОБСЕ информираа дека заминувањето на Бакиев од Киргистан била заедничка иницијатива на американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Димитриј Медведев и претседателот на Казакстан Нурсултан Назарбаев.