Престрелки во Ош, Киргистан

На собирот во градот Ош во Киргистан, каде што на приврзаниците им се обраќал соборениот претседател Курманбек Бакиев, дошло до претстрелка, јавуваат агенциите. Не е јасно кој пукал и нема извештаи за повредени. Инаку, Бакиев изјави дека и официјално ќе се повлече од функцијата доколку привремената влада му ја гарантира безбедноста. Привремените власти соопштија дека на Бакиев ќе му биде судено за насилствата.