Пакистан набави скенери за експлозиви

Полицијата во Пакистан поставија големи детектори на бомби покрај патиштата во Исламбад. Станува збор за нов напор на властите да ги спречат бомбашите самоубијци кои се` почесто детонираат експлозивни направи во возила. Скенерите се увезени од Кина а за набавката се потрошени 3 милиони американски долари. Скенерите се високи 4,5 метри и се во форма на лакови под кои поминуваат возилата. Со направите ќе се проверуваат само големи товарни возила кои се исклучуваат од автопатот кој минува низ северозападниот дел на земјата.