Ден на жалост во Русија

Во Русија денеска е ден на жалост за жртвите во саботната авионска несреќа во која загинаа повеќе полски лидери. Деведесет и шест луѓе загинаа кога авионот се урна кај Смоленск, меѓу кои полскиот претседател Лех Качински и десетици други полски политичари, одбранбени и верски лидери. Илјадници Полјаци беа присутни на улиците во Варшава кога телото на Качински пристигна вчера во Полска. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека полските лидери кои ги загубија животите во несреќата ќе живеат вечно.