Ракетен напад на затвор во Иран

Напаѓачи испукаа граната кон затвор во југоизападниот дел на Иран денеска. Се претпоставува дека ракетниот напад бил обид за ослободување на затворениците. Иранските медиуми јавија дека тројца стражари и шестнаесетмина затвореници се повредени во инцидентот кој се случи во градот Илам во истоимената провинција во близина на ирачката граница. Тројца затвореници успеале да избегаат, потврди иранската полиција.