Медведев, потребен е договор со САД за правилата за посвојување

Рускиот претседател Дмитриј Медведев оцени дека е монструозна одлуката на американката која го вратила назад во Москва 7 годишното дете од Русија, кое го посвоила. Медведев, во интервју за Еј Би Си изјави дека е потребен нов договор меѓу Москва и Вашингтон за избегнување на вакви случаи во иднина и за третманот на посвоените деца. Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров повика на запирање на посвојувањата се додека не се постават јасни правила. Американскиот Стејт Департмент изрази жалење од случајот и разбирање за руската загриженост, но изрази надеж дека американците и натаму ќе посвојуваат деца од Русија. 7-годишното дете пристигнало само на аеродромот во Москва, носејки писмо од американката дека не го сака поради тоа што било насилно.