Почеток на изградбата на гасоводот Северен тек

Денеска во рускиот град Виборг ќе се одржи свеченост по повод започнувањето на изградбата на Северниот тек, гасовод преку кој рускиот гас преку Балтичко море ќе се транспортира во Германија. На церемонијата ќе присуствуваат рускиот претседател Дмитри Медведев и еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер. Станува збор за гасовод во должина од над илјада и двесте километри кој треба да биде завршен до 2012 година, по што низ него годишно ќе минуваат околу 55 милијарди кубни метри гас.