Петмина уапсени во Кабул

Петмина се уапсени во Кабул, Авганистан под сомнение дека планирале бомбашки напади. Петмината „потенцијални бомбаши самоубијци“, како што ги нарекоа афганистанските власти, биле уапсени во североисточниот дел на градот. Шефот на полицијата изјави дека, според разузнавачки информации, тимот бил испратен во Кабул по наредба на групата „Хакани“, која има тесни врски со терористичката „Ал Каеда“.