Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изјави дека утре во Киргистан, како специјален пратеник, ќе го испрати поранешниот словачки шеф на дипломатијата Јан Кубис. Свој пратеник ќе испрати и ОБСЕ. Бан Ки Мун повика на смирување на насилствата во Киргистан, додавајки дека се чувствувале тензиите во земјата и за време на неговата посета на Бишкек пред неколку дена.