Премиерот на Тајланд Абхисит Веџаџива прогласи вонредна состојба во Банкок поради протестите на приврзаници на опозицијата, јавија новинските агенции. Демонстрантите против владата на Тајланд денеска влегле во зградата на парламентот а дел од пратениците, како што јавија новинските агенции, морале да се евакуираат со хеликоптер. По барање на опозицијата, демонстрантите се повлекле. Приврзаниците на опозицијата бараат распуштање на парламентот и оставка од актуелниот премиер.