ОН ќе ги затворат своите канцеларии во Пешевар

Обединетите Нации денеска соопштија дека на два дена ќе ги затворат своите канцеларии во Пешевар по вчерашниот напад врз американскиот конзулат во овој град во северен Пакистан. Во нападот загинаа најмалку 7 лица, од кои 4 милитанти. Соединетите Држави изразија загриженост кој дојде неколку часа по самоубиствениот напад во северо-источен Пакистан во кој загинаа 40 луѓе.