Израел дозволи пратка да влезе во појасот Газа

Израелските власти денеска дозволија пратка со алишта и чевли да биде испратена во појасот Газа. Во 2006 година Израел ја блокираше границата со појасот, откако милитанти киднапираа израелски војник. Изралексите власти во изминатиов период се соочуваат со засилен притисок да ја прекинат блокадата на преминот кон појасот Газа.