Македонскиот државен врв на прием кај господин господин Стефан

Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан традиционално, по повод празникот на Воскресението Христово - Велигден, по воскресенската литургија во Соборниот храм во Скопје, приреди прием за шефот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на Владата Никола Груевски. На приемот присуствуваа и Валентина Божиновска, претседател на Комисијата за верски заедница и религиски групи и Антон Серечи, заменик претседател на Комисијата.