Американскиот трезор предлага варирачки курс на јенот

Соединетите американски држави го одложија објавувањето на извештајот за курсните разлики бидејки монетарните власти на САД сакаат да се уверат дека Кина не манипулира со својата валута. Секретарот на Трезорот на САД Тимоти Гајтнер апелираше до кинеските монетарни власти да применат пофлексибилен курс на нивната национална валута. Препораката е дадена пред посетата на кинескиот претседател Ху Џинтао на Вашингтон.