Средба Тадиќ - Гадафи

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска се сретна со лидерот на Либија Муамер Гадафи. Тадиќ, кој е во официјална посета на северноафриканската земја, разговараше со Гадафи во неговата летна резиденција. Двајцата зборувале за развојот на политичките односи меѓу Белград и Триполи и зацврстување на економските и трговските врски меѓу двете земји.