Амнести Интернешнел ја обвини владата на претседателот на Венецуела Уго Чавез дека се обидува да ги замолчи дисидентите во земјата. Ова е реакција на апсењата тројца противници на Чавез, меѓу кои и поранешниот претседателски кандидат Освалдо Паз. Чавез изјави дека сите што ги кршат законите на Венецуела мора да одговараат.