Медведев на разговори со лидерите на парламентарните партии


Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска има средби со лидерите на главните политички партии во Парламентот, во врска со терористичките напади во Москва и во Дагестан неделава. Партиски претставници изјавија дека тие ја барале средбата за да биде разгледана актуелната ситуација и да бидат договорени мерки во борбата против тероризмот. Медведев вчера беше во ненајавена посета на Дагестан.