Бан Ки Мун во Туркменистан

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун пристигна во главниот град на Туркменистан, Ашгабат, што е прва станица од неговата турнеја низ земјите од Централна Азија. Бан Ки Мун ќе престојува и во Киргистан, Узбекистан. Таџикистан и Казахстан, а во фокусот на разговорите ќе биде регионалната соработка, разоружувањето, климатските промени и намалувањето на сиромаштијата.