Експлозија на бомба во Атина- еден загинат

Во експлозија на бомба во грчкиот главен град Атина животот го загуби еден маж, а две лица се повредени, меѓу кои и едно дете. Бомбата експлодирала пред едно училиште и притоа ги оштетила автомобилите и зградите во близина. Бомбашките напади од страна на милитантните групи се чести во Грција, но прв пат по неколку години се случува во еден напад да има жртви.