Пентагон ќе финансира воени програми во Грузија, Хрватска и балтичките земји

Пентагон соопшти дека ќе финасира воени програми за обука во Грузија, Литванија, Летонија, Естонија, Унгарија и Хрватска. Пентагон ќе одвои од својот буџет 350 милиони долари за земјите на кои им е потребна помош за развивање на антитерористички вештини и воена подготовка за асистенција на американските трупи во Авганистан. Потпаролот на Пентагон, Брајан Витман изјави дека со вакво финасирање ќе им се помогне на 6-те земји да се подготват заедно со американските трупи да спроведувааат операциии за одржување на стабилноста во Авганистан.Деталите за тоа која земја , колку пари ќе добие не се соопштени.