Судското рочиште за случајот Ганиќ во Лондон е одложено.

Судското рочиште на поранешниот член на Претседателството на БиХ Ејуп Ганиќ, кое требаше утре да се оддржи во Лондон, е одложено за 13 април од процедурални причини, јавија сараевските медиуми. Ганиќ беше уапсен на 1 март во Лондон, на барање на Србија, под обвинение за воени злосторства сторени во Сараево, на почетокот на мај 1992 година, врз припадници на ЈНА.Судот во Лондон го пушти Ганиќ од притвор на 10 март, по платената кауција, и му забрани да ја напушта Велика Британија.