Грузија ќе прими тројца затвореници од Гвантанамо

САД објавија дека ќе испратат во Грузија тројца затвореници од својот контроверзен затвор Гвантанамо на Куба. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули изрази благодарност до Тбилиси за помошта што ќе го забрза затворањето на овој објект, каде што сега ќе останат уште 183 затвореници. САД се трудат постепено да го испразнат затворот, во кој во јануари минатата година се наоѓаа 240 затвореници уапсени за време на војната против тероризмот, особено во Авганистан.