Ставревски: Македонија излезе од рецесија

Македонскиот министер за финасии, Зоран Ставрески изјави дека податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека Македонија официјално излегла од рецесија. Според статистичките податоци стапката на раст на бруто домашниот производ во последниот квартал од 2009 година во Македонија изнесува 1,2 проценти.