Војници на ИСАФ мисијата загинале во Авганистан

НАТО соопшто дека двајца припадници на мисијата ИСАФ загинаа денеска во Авганистан при два одвоени бомбашки напади. НАТО не соопшти од која националност се војниците ниту во кој дел на Авганситан се случиле инцидентите. Британското министертво за одбрана, пак денеска соопшти дека еден британски војник загинал во провинцијата Хелманд. Останува нејасно дали британскиот војник е еден од загинатите од мисијата ИСАФ или станува збор за друг инцидент.