Карзаи се сретна со бунтовниците на Хезб и Ислами

Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи се сретнал со делегација на една од главните бунтовнички групи во Авганистан. Неговиот портпарол изјави дека фокусот на разговорите со Хезб и Ислами бил врз мировните преговори. Делегацијата на Хезб и Ислами е предводена од бившиот премиер Кутбудин Хелал, кој е заменик на лидерот на групата Гулбудин Хикматјар. Оваа група се бори против НАТО и владата во Кабул на истокот и на делови на северот на земјата. По судирите со талибанците околу контрола на селата на северот на земјата Хезб и Ислами се согласи да ја подржи владата.