Времето сончево, попладне наоблачување

Времето ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд во северните и северозападните делови од државата. Ќе дува и слаб ветер од северозападен правец. Утринските температури се движат од 1 до 6, а дневните ќе бидат од 15 до 22 степена. Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 5 до 21 степен.