Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Москва изјави дека Соединетите држави и Русија се на работ на согласност за новиот договор за нуклеарно разоружување. Клинтон по разговорите со рускиот претседател Дмитри Медведев додаде дека преговарачките тимови ги решиле сите поголеми прашања и оти сега се работело на техничко ниво. Клинтон пред да ја заврши посетата на Москва се сретна и со премиерот Владимир Путин. Рускиот премиер се пожалил на процесот за прием на Русија во Светската Трговска Организација. Клинтон изјави дека Вашингтон го подржува влезот на Русија во СТО.